Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, во средата во просториите на министерството оствари работна средба со претставници од Кинеската меѓународна асоцијација за градежништво, како и со претставници на повеќе кинески компании заинтересирани за инфраструктурни проекти, информираат од Министерството за транспорт и врски. На средбата со заменик-претседателот на Кинеската меѓународна организација, Чи Чангај, министерот Јанакиески ги потенцираше добрите политички односи кои се силна гаранција за промоција на билатералната економска и трговска соработка.
Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, во средата во просториите на министерството оствари работна средба со претставници од Кинеската меѓународна асоцијација за градежништво, како и со претставници на повеќе кинески компании заинтересирани за инфраструктурни проекти, информираат од Министерството за транспорт и врски.
На средбата со заменик-претседателот на Кинеската меѓународна организација, Чи Чангај, министерот Јанакиески ги потенцираше добрите политички односи кои се силна гаранција за промоција на билатералната економска и трговска соработка.
„Кина е економски активна во централна и источна Европа, а ние како држава сме подготвени да ги искористиме сите отворени можности за понатамошна соработката во областа на патната инфраструктурата, железницата, енергетиката, и во други области и стратешки гранки на македонското стопанство“, истакна Јанакиески.
Министерот изрази благодарност за соработката која Владата на Народна Република Кина ја остварува со Владата на Република Македонија во поглед кон зајакнување на билатералните односи и ја предочил цврстата определба на земјава за јакнење на економските односи со Кина кои се од стратешки карактер за прогресот на македонската економија во целост.
Заменик-претседателот на Кинеската меѓународна асоцијација за градежништво изрази задоволство од досегашната добра соработка меѓу институциите на Република Македонија со кинеските компании кои веќе се присутни во земјава, и нагласил интенција истата да продолжи и во следниот период.
Како што соопштуваат од Министерството за транспорт и врски на средбата биле разменети мислења и информации за поголем број на инфраструктурни проекти и опциите и перспективите за нивна понатамошна имплементација.
„Нашата цел е во иднина да продолжиме со промовирање и јакнење на можностите за инвестирање, да бидеме целосно отворени за кинеските компании и на тој начин да го привлечеме и интензивираме максимално продуктивниот дух на стопанската соработка меѓу двете земји и во Кина целосно гледаме моќна економска држава која има големо учество во диктирање на економските текови на светско ниво“, нагласи на средбата министерот Јанакиески.